Скопското јавно обвинителство отворило кривична истрага за српски државјанин поради сомнеж дека се обидел да изврши тешка кражба, односно да украде автомобил.
Настанот за кој се сомничи непознатиот српски државјавин се одиграл пред пет дена, на улицата „Орце Николов“, во Скопје, каде тој и уште едно, секако за Обвинителството непознато лице, со провалување се обиделе да одземат автомобил.
Сега осомничениот со штрафцигер го скршил задното десно стакло на паркиран џип „Ренџ Ровер“, а потоа влегол во возилото и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави возилото во погон. Во тој момент, од угостителски објект излегол сопственикот на возилото со што била спречена кражба на автомобилот вреден 6.241.800 денари или нешто преку 100.000 евра!
Со оглед на тоа што се работи за странски државјанин Судија на претходна постапка му изрекол мерка притвор. Инаку, се верува дека за осомничениот, Република Србија, издала национална потерница.
СРПСКИ ДРЖАВЈАНИН СЕ ОБИДЕЛ ДА УКРАДЕ „РЕНЏ РОВЕР“
Спонзорирано