Советот на обвинители не ја прифати претставката на Панчевски за СЈО

1465

Откако на дневен ред на денешната седница на Советот на јавни обвинители, како втора точка на дневен ред ја стави претставката на Владимир Панчевски, за постапувањето на обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристоска, претседателот на Советот на јавните обвинители, претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјов, одби да даде било каков коментар за случајот. Штерјов, кусо време по завршувањето на седницата го напушти Советот на обвинители, но не кажа ништо за претставката на Панчевски, односно за неговата реакција по претресот кој што се случи, во септември 2017. година, во неговиот дом.

Она што засега е извесно е дека Панчевски ја оспорува надлежноста на судот во Гевгелија кој што ја издаде наредбата за претрес во домот на Панчевски, кому, само кратко пред тоа, му беше одземен и службениот компјутер. Незадоволен од постапките кои беа отворени против него, Панчевски поднесе кривични пријави за десет лица, но од скопското Јавно обвинителство му беше одговорено дека пријавените не сториле кривични дела.

По денешното разгледување на претставката на седница на Советот на јавни обвинители, според наши сознанија, било констатирано дека Советот не е тој кој што може да иницира постапка за Јанева и Ристоска и било договорено одговорот да му се достави на поднесувачот на претставката, со цел негово информирање.

Затвореноста за јавноста и мистиката која ја следи работата на Советот на јавни обвинители е во спротивност од она што, на 31. август 2017. година, кога како како заложба, на денот на неговиот избор за претседател на Советот на јавни обвинители, го искажа Коле Штерјов:

„Ќе се обидам да ги искористам и моите и капацитетите на членовите на Советот на јавни обвинители и се надевам дека ќе успееме да ја смениме сликата за Советот. За впечатоците во јавноста дека Советот бил во конфликт со Специјалното јавно обвинителство, можам да кажам дека тоа не беа само впечатоци, туку тоа беше така, но за тоа, да бидам искрен, причините не треба да се бараат само во Советот. “ – вели Штерјов.

Сепак, кога е Штерјов во прашање, за не цели две години, се случи серија скандали. Имено, прво тој, со службено возило, имаше сообраќајна несреќа, но за неа се уште нема ништо официјално, бидејќи вешто успева да ги избегне одговорите. Штерјов не кажа ништо за ненадејното разрешување на тукушто избраната обвинителка Марија Ѓорѓева во Специјалното јавно обвинителство. Тој не само што не даде никаква информација за експресното разрешување на Ѓорѓева, туку не спомна дека се работи за ќерка на неговата балдаска, а во исто време и снаа за негов внук од братучед, но тоа за Штерјов не беше пречка таа да биде избрана за обвинител во Осоновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Инаку, Советот за јавни обвинители нема објавено ниту еден записник од одржана седница за цела 2018 и првите месеци од оваа година, а согласно ваквиот начин на работење тешко е да се дознае кога заседфава Советот на обвинители, кои се точките по кои се расправа и какви одлуки се донесени.
Целиот текст на 24.мк

Спонзорирано