СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ГЛАСАШЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКОВСКА

154

 

Советот на јавни обвинители ја одби жалбата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковски, откако претходно за неа беше донесена одлука за времено суспендирање. Според информациите, за продолжување на суспензијата гласале осуммина од вкупно 11 членови, но на двајца им било ускратено правото да го дадат својот глас поради тоа што им е истечен мандатот, а не гласал ни државниот обвинител Љубомир Јовески, поради конфликт на интереси.
„Ова е тежок случај. Ретко сме имале вакви случаи за обвинители. Моравме да ги разгледавме сите околности за случајот и сметаме дека за време додека се води кривичната постапка, со цел да се утврди фактичката состојба, јавната обвинителка Вилма Русковска би требало да биде оддалечена од работа за да не влијае со своето присуство врз текот на постапката“, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, а според кој целиот случај треба да биде окончан за најмногу два месеца.
Периодот кој престои треба да се искористи за комплетно расветлување на запалениот автобус на „Беса транс“, во кој животот го загубија 45 патници, како и причните поради кои ОЈО ГОКК се одлучи да изврши претрес на службените простории на сега веќе поранешниот директор на Управата за Финансиска полиција, Арафат Муареми, а кој на денот кога му истече мандатот како „вршител на должност“, реши да си даде оставка.
За денешните случувања обвинителката Вилма Русковска вели дека не сака да коментира ништо, но во исто време отфрла какво и да е нејзино влијание во било кој предмет којшто го воделе нејзините колеги.

Спонзорирано