СЛУЧАЈ РАШКОВСКИ: ПРЕТРЕСИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ И НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ

1053

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека во рамките на истрагата која се воси против поранешниот генерален секретар на Владата на РСМ, Драги Рашковски и за уште три други лица, е извршен претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во Скопје, што ги користел осомничениот управител на правно лице и притоа биле одземени компјутери.
Од Обвинителствтот делат дека во досегашиот тек на истрагата не биле пронајдени материјали кои би можеле да се поврзат со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, а дека софтверот за полагање на приемниот испит на слушатели во Академијата не е запленет.​
Драги Рашковски, од пред неколку дена е во затворот „Скопје“, каде ја издржува мерката притвор што му ја изрече Кривичен совен на скопска „единица“, откако претходно, тој, и други три лица, меѓу кои и управителот на фирмата којашто ќе го добие тендерот вреден 81.000 евра, ќе бидат осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, судија на претходна постапка на Рашковски му изрече мерка куќен притвор, но по жалба на Обвинителството таа мерка му е заменета.

Спонзорирано