Скопското обвинителство постапува по писмено известување за објавена аудио снимка

1217

Основното јавно обвинителство Скопје денеска примило писмено известување од Секторот за внатрешни работи – Скопје кое се однесува на објавата на аудио снимка на еден портал, како и проптратен текст и веднаш по приемот на известувањето е издадена наредба за вештачење на мобилни телефони на градоначалникот Курто Дудуш и на лице споменувано во снимениот материјал.
„Телефонските апарати ќе се вештачат заради црпење податоци од меѓусебната комуникација на овие две лица и за утврдување дали на нив постојат неовластено снимани материјали. Истовремено, до мобилните оператори е издадено барање за обезбедување на листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица“, велат од Обвинителството и појаснуваат дека јавниот обвинител издал наредба да се продолжи со истражувањето на настанот, односно да обезбедат информации за неовластеното снимање на настанот, да утврди што точно се случило, дали некое лице е нападнато и од кого, дали притоа се здобило со телесни повреди, кога настанот е пријавен и на кој начин е евидентирана пријавата, дали повреденото лице располага со медицинска документација и дали поднело приватна тужба.

Спонзорирано