Скопска „единица“, денеска, превентивно ќе се дезинфицира!

962

За денеска попладне, веднаш по завршување на работното време, фирма ангажирана од скопскиот кривичен суд ќе пристапи кон дезинфекција на двете судски згради.
Како што неофицијално дознава „Правосудство“, се работи за дезинфицирање на сите простории во судот, а во склад со препораките на Владата и на Министерството за здравство кои се однесуваат на превенција и заштита од коронавирусот. Нашите информации говорат дека превенирањето доаѓа по одлуката на Владата за непречено работење на судовите во државата. Имено, како што преку својот фејбук профил, вчера, информираше и министерката за правда Рената Десковска, судовите продолжуваат со работа.
Десковска соопшти дека на „седница на Владата беше отворено прашањето за работата на судовите во ситуација со корона вирусот. Сите препораки кои досега се упатени до сите државни органи и други институции важат и за судовите. Во однос на режимот на работа, судовите и понатаму остануваат во групата на сите останати државни институции – министерства, фондови, управи и други државни институции кои продолжуваат со работа со превземање на сите мерки за претпазливост за заштита од вирусот“!

Спонзорирано