По Јово Вангеловски, разрешена и Рахилка Стојковска!

2699

Уште само судијата Ристо Катавеновски останува на функцијата судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, како член на советот кој решавање по жалбата на Сеад Кочани, бидејќи на својата вчерашна седница Советот кој одлучува по жалби, по Јово вагеловски, ја разреши Рахилка Стојковска.
Разрешувањето на Стојковска доаѓа само неколку дена по разрешувањето, односно по одбивањето на жабата на екс-претседателот Јово Вангеловски, откако Судскиот совет на РСМ донесе одлука за негово отстранување од функцијата судија.
„Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница расправаше по повод жалбата на Рахилка Стојковска – судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/32 од 24. септември 2019 година за нејзино разрешување од вршење на судиска функција, и истата ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија„, се вели во кусото соопштение на Врховниот суд. Судијката Рахилка Стојковска, тогашниот претседател на судот и на советот кој постапувал по жалбата на Сеад Кочан, како и судијата Ристо Катавеновски процениле дека е сосема во ред да се прифати жалбата на сега веќе осудениот, а со која се бара да не му се изрекува било каква безбедносна мерка, иако Специјалното јавно обвинителство, со огледе на тоа што тој повеќе од три месец се водеше како нсдостапен, побара изрекување мерка притвор. Врховниот суд му излезе во пресрет на кочан, но за таа одлука Судскиот совет на РСМ одлучи Вангеловски и Стојковска да бидат разрешени. Овие двајца го искористија правото на жалба до судот до кој и буквално до вчера работеа да вложат жалба, но таа им е одбиена.

Спонзорирано