Скопјанец со медицинска маска на лице со обидел да ограби маркет

1072

Маж, на возраст од 31 година, е осомничен за обид за разбојништво кое се случило на 19. февруари оваа година, во супермаркет на улицата „11. Октомври, во Скопје.

Критичниот ден, како што потврдуваат од скопското Обвинителство сега осомничениот влегол во маркетот и под закана по живот, со огнено оружје, тој од една од вработение побарал да му ги даде парите од касата.

Тој го вперил пиштолот кон вработената, а потоа ја отворил касата и го извадил нејзиниот пластичен, но токму тогаш вработената се втурнала кон него по што дошло до физичка пресметка. Оштетената успеала да му ја симне медицинската маска која разбојнкиот ја имал на лицето.

По ова тој ја турнал на подот и избегал. За сега осомничрниот за обид за разбојништво Обвинителствто бара од судот да му се изрече мерка притвор, бидејќи постои опасност од негово бегство, но и опасност тој да го повтори делото.

Спонзорирано