Скопјанец осомничен за поседување оружје и муниција

    374

    Скопското Основно јавно обвинителство поведе истрага за едно лице за кривично дело: неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
    Сега осомничениот, во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“, во Скопје, неовластено држел оружје и муниција: пиштол марка „FEG”, со калибар од 9 милиметри, Para со рамка со 13 куршуми, еден пиштол „KEL-TEC CNC“, со калибар 380 Auto, со рамка и 5 куршуми, 17 куршуми револверска муниција со калибар 7.5 mm, три куршуми за полуавтоматско и автоматско оружје со калибар 7,62 мм. и 105 куршуми со калибар 9 мм. Оружјето и муницијата биле пронајдени и одземени при вчерашниот претрес на домот на сега осомничениот.

    Спонзорирано