СКОПЈАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ПОСЕДУВАЊЕ НА 1,7 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА

783

Поради поседување на безмалку два килограма марихуана скопското Јавно обвинителство поведе постапка за 30-годишен скопјанец, за кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Во текот на вчерашниот ден полицијата извршила претрес на стан, на булеварот „АСНОМ“, во кој престојувал сега осомничениот, и притоа биле пронајдени 1.713 грама марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана, кокаин и амфетамин.
Обвинителството, до судија на претходна постапка од скопска „единица“, за осомничениот доставило предлог за изрекување на мерка притвор, бидејќи постоеле околности кои уптуваат на тоа дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото.​​

Спонзорирано