Се вештачат доказите за движење на парите за случајот „Империја“

1575

Истрагата за случајот „Империја“, според пишувањето на порталот „Сакам да кажам“, повторно е активна, со тоа што сега се вештачат докази за текот на движењето на парите на првосомничниот Јордан ( Орце ) Камчев и на неговите блиски бизнис-парнери.
Според „СДК“, се работи за прво вештачење од ваков вид, а главните докази за сторени финансиски криминали биле обезбедени од странство и од комерцијални банки на Кипар, но и со прислушување на мобилните телефони на сопругата на Орце, Ана Камчева, новинарката Оливера Трајковска чијшто спонзор е токму споменатиот, како и братот на екс-директорот на УБК, Сашо, Влатко Мијалков.

Случајот наречен империја датира уште од 2017. година кога беше отворена предистрага за повеќе кривични дела и за повеќе лица. Една година подоцна Специјалнотѕо јавно обвинителство и формално отвори истрага за сторени кривични дела: злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело, а како осомичени се јавуваат: Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Куноска Камчева и сестрата Христина Камчева Стојческа, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, директорите во Орка холдингот“, Зорица Арсовска и Лилјана Гајдовска, како и Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Обвинителствто се сомнева дека Орце Камчев испрал најмалку 10 милиони евра, односно дека државниот буџерт е оштетен за 15 милиони евра.

Спонзорирано