Според созанијата до кои дојде „Правосудство“, обвинението за Срѓан Керим, Јордан Камчев и Јана Станисављева може да прејде во рацете на скопското Јавно обвинителство
Според созанија до кои дојде „Правосудство“ најоцна до крајот на овој месец Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе поднесе обвинителен акт против некогашниот менаџмент на „Медиа Принт Македонија“, односно против Срѓан Керим, Јордан Камчев и Јана Станисављева.
Поднесувањето на обвинението доаѓа по повеќе од пет години откако Синдикатот на новинарите од сега веќе уништените дневни весници „Утрински весник’“, „Дневник“ и „Вест“ за споменатите поднесе кривична пријава за сторени повеќе кривични дела, односно откако кон крајот на април оваа година беше затворена кривичната истрага, а за која тие беа информирани.
Неофицијалните информации до кој дојде „Правосудство“ велат дека по поднесувањето на обвинителниот акт за Керим, Камчев и Станисављева предметот може да премине во скопското Јавно обвинителство, наводно поради тоа што ОЈО ГОКК не нашло доволно елементи кои би овозможиле нивно натамошно постапување, но затоа, пак, ќе останат кривичните дела кои им им се ставаат на товар.
Доколку предметот навистина потпадне под ОЈО Скопје тоа ќе значи дека тој ќе заврши онаму каде и што беше упатена кривичната пријава. Имено, оштетените од згаснаљтите весници пријавата за Керим, Камчев и Станисављева ја поднесоа токму на таа адреса, но ОЈО Скопје повеќе од една година не презема никакви дејства. Целата постапка се мрдна од мртва точка кога постапувањето го презема тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО), кое, по неговото расформирање предметот го пренесе во ОПЈО ГОКК.
Она што засега е извесно е дека споменатите ќе одговараат за сторена: Злоупотреба на службена положба и овластување“, за „Оштетување или повластување на доверители“ и за „Намерно предизвикување на стечај“, но не треба да се исклучи можноста да има и други кривични дека, со оглед на тоа што во јавноста беа пласирани информации кои упатуваа на тоа дека менџментот на „МПМ“ дозволил инсталирање на телконикациска опрема, вредна 5.813.674 или 94.531 евро, со што било овозможено незаконско прислушување на мобилните телефони на вработени.
(Љ.С)