Рускоска нема да ги следи Вељаноски и Димовски

1100

Обвинителката Вилма Русковска нема да бара од полицијатада ги следи пратениците Трајко Вељановски и Љупчо Димовски на кои Собранието не им го одзема имунитетот, а се осомничени во два различни случаи на Обвинителството за организиран криминал.
– Ако избегаат, нека му ја мисли Собранието, изјави Русковска за Телма.
Истрагите ќе подолжат со тоа што овие двајца барем засега осомничени, остануваат на слобода. Притвор обвинителството може да бара и доколку подигне обвинение по што ќе треба да се повтори целата процедура за имунитетот.
На новинарско прашање дали Судот има право повторно да побара од Собранието да му биде одземен пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Вељаноски, претседателот на скопскиот Кривичен суд, Иван Џолев рече дека тоа законот не го третира до крај.
-Колку што ми е мене познато во пракса повторни барања не сме испраќале. Но ќе седнеме сите судии заедно, ќе го прочитаме и ќе видиме кои се следните чекори што ќе ги преземеме, рече Џолев.
Во случајот со одземањето на имунитетот на поранешниот министер за земјоделство Димовски, Џолев рече дека слушнал разни гласини дека „еднаш одземен имунитет е одземен имунитет“ но, како што додаде, станува збор за различни постапки и во таа смисла нема одговор на прашањето.

Спонзорирано