ПРИВЕДЕНИ ТРИ ЛИЦА, ЧЛЕНОВИ НА МЕЃУНАРОДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА КОЈА ПРОДАВАЛА ХЕРОИН

525

Три лица се приведени поради постоење на основано сомнение дека се дел од меѓународна група која се занимавала со илчегална трговија со хероин. Имено, денешната полициска акција, реализираа во Тетово, Гостривар и Куманово, претставува продолжение на акцијата којашто ја спроведе хрватска полиција во Риека, а во која од слобода беа лишени неколку лица, меѓу кои и еден македонски државјанин.
Како што информираат од Јавното обвинителство, полицијата денеска, по добиен налог, извршила претрес на четири локации на подрачјата на Тетово, Гостивар и Куманово и притоа била запленета поголема количина на кокаин и марихуана, но и четири автомобили, од кои две со хрватски национални ознаки, еден четирицикл и еден моторцикл, два пиштола, поголема количина муниција, електронски уред за мешање на дрога, мобилни телефони, СИМ картички, парични средства во денари и евра, како и повеќе потврди за извршени финансиски трансакции.
Имено, како што веќе информираше МВР при претрес кај лицето А.М.(50) од село Опае, бил пронајден и 50 куршуми, кокаин и марихуана, уредот за мешање на дрога, парични средства во денари и евра. При претрес кај С.И. (74), од Гостивар, бил пронајден пиштол „ТТ“ калибар 7,62 милиметри и 168 куршуми, а кај Е.Н.(63) од село Синичане била пронајдена и запленета документација за извршени финансиски трансакции. Сега приведените, заедно со лицата кои беа лишени во Риека, создале криминална група на која и се приклучиле и други лица. Секој член на групата имал својата улога во набавка, продажба, складирање, посредување во купопродажба, нудење на продажба, поседување, пренесување и понатамошната продажба на дрогата. Тие, од ланскиот септември, пуштале во промет хероин во цела Истра, но и во Загреб и Сплит, а дрогата се крумчаречала од Македонија во Хрватска.
„На денешната акција и претходеше акцијата од 23. септември 2022 година, а како резултат на повеќемесечна заедничка паралелна криминалистичка истрага за меѓународно злосторничко здружение што се водеше во координација и соработка на ОЈО ГОКК и Уредот за сузбивање на корупција и организиран криминалитет (УСКОК) на Р.Хрватска, со логистичка поддршка на Канцеларијата на ГИЗ. ​Во акцијата на подрачјето на Хрватска учествуваа и јавни обвинители од ОЈО ГОКК и полициски припадници од Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, притоа беа запленети 3,9 килограми хероин и беа лишени од слобода пет лица меѓу кои и еден македонски државјанин“, се вели во соопштението на Обвинителството, од каде и информација дека денеска приведените се товарат за сторено кривично дело: „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и дека за нив, од Судија на претходна постапка, ќе се побара да им изречењ мерка притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано