ПРИВЕДЕНИ ОСУМ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

1081

Припадниците на групата за комуникација ја користеле интернет платформата „Whats App“, на која, меѓу другото го договарале начинот на транспорт на оружје и начинот на изработка на самоубиствени појаси

По спроведена повеќемесечна истрага, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координација со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, вчера приведе осум членови на терористичка организација.
Како што пот6врдуваат од Мимистерството за внматрешни рљботи, а по издадени наредби за претрес се проверувале осум локации, од кои пет во Куманово и три во Скопје и притоа биле пронајдени и лишени од слобода се сите осум лица.
„На 27. декември 2020 година, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против Б.Ф. (32), Б.Г. (27) и Ј.К. (25) од Скопје и И.М. (22), Д.А. (21, ) Р.А. (31), С.И. (31) и А.С. (21), од Куманово, за сторено кривично дело: терористичка организација, предвидено и казниво по член 394-а став 2 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на МВР и притоа се појаснува дека Б.А. е лицеро кое што ја создало терористичка организација, во која освен притворените В.А. и Е.Љ. членувале и сега приведените врз основи на идеолошката матрица на терористичка организација ИСИС за извршување на убиства и уништување на јавни објекти со намера да се создаде чувство на несигурност кај граѓаните. За да ја постигнат својата цел тие преземале повеќе подготвителни дејствија: обезбедувале финансии, оружје, муниција и друга воена опрема, а изработувале и импровизирани експлозивни направи и имале пробни испалувања.
„Членовите на терористичката група за меѓусебна комуникација претежно ја користеле интернет платформата „Whats App“ каде меѓу другото го договарале начинот на транспорт на оружје и начинот на изработка на самоубиствени појаси“, велат од МВР и потврдуваат дека осомничениот Б.Ф. учествувал и во паравоени формации надвор од територијата на РС Македонија, како припадник на терористичката организација ИСИС.
Пронајденото оружје и минско експлозивни средства, во неделатата, во близина на месност викана „Менкова колиба“, а за кое на 31. август оваа година, беа пријавени Б.А., В.А. и Е.Љ., според количината и намената укажува дека делувала повеќечлена терористичка организација, при што со дополнително собраните докази е утврдено дека постоела директна комуникација, претходен договор и знаење за превземените дејствија помеѓу сите членови на терористичката организација.

Спонзорирано