ПРИВЕДЕН ЛИДЕРОТ НА „ХРИСТИЈАНСКО БРАТСТВО“

2418

Тетовската полиција вчера вечер го приведе лицето Жарко Гроздановски кој себеси се претставува како водач на организацијата „Христијанско братство”. Апсењето на Гроздановски уследи по објавен видео запис каде тој освен што бара ослободување на еден негов „брат по вера“, изскажа и сериозни закани по животот на премиерот Зоран Заев.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуват дека вчера, десет минути пред 20 часот, во Тетово, било уапсено лицето Ж. Г. (46), од тетовското село Брвеница, откако на социјалните мрежи објавил видео со заканувачка содржина. Оттаму и потврда дека по целосното расветлување на случајот за приведениот ќе следи кривична пријава.
Во видео пораката Гроздановски директно му се обраќа на премиерот Заев и притоа го „потсетува“ дека во два наврата се спасил, но дека ако не биде ослободен неговиот пријател, третиот пат ќе ја реализирал заканата.

Спонзорирано