Притворен жител на Челопек поради поседување дрога и оружје

99

Тетовското обвинителство отвори постапка за 24-годишен жител на селото Челопек, за кривични дела: неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што информираат од Обвинителствто, во домот сега на осомничениот, во неделата, околу 17.45 часот, полициските службеници пронашле автоматска пушка и 400 грама марихуана.
На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано