ПРИТВОР ЗА ЖЕНАТА КОЈА ГО УБИ СВОЈОТ НЕВЕЧНАН СОПРУГ

607

Жителката на тетовското село Мала Речица и формално е осомничена за убиство на својот невенчан сопруг. Имено, Јавното обвинителство за оваа 39-годишна жена отвори кривична истрага за сторено кривично дело убиство, согласно член 123 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Сега осомничената, вчера околу 11 часот, во домот во кој живеела, поточно во подрумските простории, на подмолен начин го лишила од живот нејзиниот вонбрачен сопруг. Како што наведуваат од Обвинителството на убиството му претходела физичка и вербална расправија меѓу сопружниците, по што осомничената со чекан му задала неколку удари по глава и тоа во моментите додека тој спиел на душек поставен на подот во дневната соба, во подрумските простории. Од нанесените повреди тој веднаш починал, а сопругата самата се пријавила в полиција.
Обвинителството, од судот побара на осомничената да и определи мерка притвор. Судот го прифатил барањето и и определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано