СОВЕТ НА ВРХОВНИОТ СУД ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА

915

На седница на Совет за одлучување по жалби вчера е донесена одлука со која е отфрлено барањето на судијката Лидија Неделкова, а по веќе донесената одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Во краткото соопштение лиферувано од Врховниот суд се вели: „Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на РСМакедонија на денешната седница расправаше по повод жалбата на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на РСМакедонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-10/20 од 01.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција!“
Имено, во соопштението никаде не е наведена одлуката на Советот за одлучување по жалби, но затоа, пак, некои медиуми пренесуваат информација според која жалбата на Неделкова, наводно, била одбиена како неоснована, како и тоа дека разрешувањето е поради нејзино несовесно работење.
Всушност се работи за разрешување зад кое стои поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој, пак, токму поради односот кој го имал со неговата колешка заврши како обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување.

 

Спонзорирано