„ПРАВОСУДСТВО.МК“ со нов дизајн и содржини

571

Почитувани читатели, најнапред извинување поради десетдневниот прекин на работата на „ПРАВОДСТВО.МК“, но во исто време и најава за „старо-нов“ сајт.

Причината поради која сајтот мораше да направи прекин во работата уследи по зачестените хакерски напади. Некаде од втората половина на ноември минатата година „ПРАВОСУДСТВО.МК“ беше хакиран пет пати, но како што велат: „Секое зло – за добро е!“ Доколку нападите престанеа тешко дека ќе можевме да зборуваме за нов дизајн! Изминативе десет дена беа максимално искористени за да се исправат многу работи кои што можеби требаше да бидат исправени многу порано, но….Сега, само можеме да ветиме уште повеќе текстови од сферата на правосудството и уште подобар изглед и подобар пристап кон материјалите!

Со почит,

Љубиша Станковиќ

Спонзорирано