Битолчанец, на возраст од 72 години ќе одговара за кривично дело : полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. откако Основното обвинителство во Битола за него отвори кривична истрага.
Како што информираат од Обинителството, осомничеиот, во саботата, во неговиот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз 10 годишно девојче, кое вознемирено од случувањата се расплакало и го напуштило станот.
Со наредбата за отворање кривична истрага, Јавното обвинителство од судот побарало на сега осомничениот да му биде исаречена и мерка притвор во траење д 30 дена, а што било прифтено од судиј на претходна постапка.
Спонзорирано





