ПОЛИЦИЈАТА ЈА ПРИВЕДЕ КАТИЦА ЈАНЕВА

718

Полицијата го опколи домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а пред само неколку минути таа влезе во автомобил на Министерството за внатрешни работи.
Непосредно пред нејзиното приведување полицијата ја блокира целата улица.
Катица Јанева во текот на вчерашниот ден беше на распит во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во врска со случајот наречен „Рекет’. По цели четири часа таа ја напушти зградата на „Судската палата“, а пред новинарите таа најави дека ќе се гледа со нив и на судење, но не кажа на чие судење.

Спонзорирано