ЈАНЕВА НЕ Е НИ СВЕДОК, НИ ОСОМНИЧЕНА – НА ТОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА ТАА МОЖЕ САМО ДА Е ОШТЕТЕНА!

4641

Од Катица Јанева не е одземен ниту еден цент, a видовме како Боки и Орце, во нејзино име, договараат решавање на предмет и исплата на милиони евра

 

Љубиша Станковиќ

Можеби јавноста никогаш нема да дознае што се се зборувало за време на распитот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред нејзината колешка Вилма Рускоска, но едно е сигурно: немало дијалог за новиот Закон за јавно обвинителство и за статусот на Специјалното јавно обвинителство!
Несомнено дека јавноста би сакала да знае детали од разговорот што се водел меѓу двете обвинителки, но и ако некому му успее да разбере нешто не ќе смее да објавува, оти сериозно ризикува да им се придружи на Боки Тредичи и Зоран Кичеец во затворот во Шутка. Јавноста сака да знае дали Катица Јанева е сведок или евентуално потеницијално осомничена, но со оглед на тоа што таа во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дошла во придружба на адвокат, тогаш не треба да се исклучи можноста таа да има третман на оштетена?
Да бидам искрен, статус на осомничена или на сведок па и не и прилега на обвинителката Јанева, ама статус на оштетена – да! Имено, Бокица 13, повикувајќи се на Катица, договара исплати на милионски суми изразени во евра, а од нејзе се уште не е одземен ниту еден цент. Ова само имплицира дека Јанева не земала ниту пара од тие 1,5 односно шест, односно осум милиони евра. Значи таа треба да им е гарант на осомничените, а не земала ни 500.000 евра што само ја сместува во графата: „оштетена“.
Но, не се само парите во прашање. Јанева е оштетена и од факторот време. Имено, нејзиниот мандат неповратно завршува на 15. следниот месец, што, пак, само и го скартува времето за делување, за верување, за гаранција или за наплата.
Јанева, според мене е и медиумски оштетена! Жената, по распадот на она што некогаш се нарекуваше 1 ТВ сега нема каде да се појавува во емисии и тоа катадневно. Едноствано, таа не ќе може во емисија да објаснува зошто на Орце му треба пасош или зошто сите осомничени од случајот „Империја“ треба да излезат не само од притвор, туку и од куќен притвор или зошто на се што е симптоматично стои нејзиниот потпис.
Кога сме кај медиумот и неговиот „газда“ на Катица ќе и биде ускратена и дружбата по локали и потепевнувањето!
Освен наведените, Катица Јанева е оштетена и по основ на тоа што нејзиниот син веќе нема да биде директор на маркетингот на споменатата телевизија. Имено, момчето кое за прв пат се вработи и тоа како директор и кое ќе остане запаметено по изјавата дека мајка му го изгубила мобилниот телефон во Белград ( и со тоа доживеала уште едно оштетување) сега ќе треба да бара нов медиум и ново директорско место, а тоа денрска многу тешко се наоѓа!
Јанева да е „фаца“ треба веднаш да предјави штета од најмалку милион евра! Всушност, еден милион како надомест на материјална штета и уште еден милион како нематеријална штета. Да не заборавиме дека жената, по отворањето на скандалот, се разболе и дека мораше да се лекува во Грција! Значи, кај претрпела душевна болка, па уште и пари арчела за доктори во странство!

П.С.
За малку ќе заборавев! Ова се однесува на оние кои нон-стоп „џавкаат“ за тоа дека Јанева треба да заврши зад решетки. Епа вака, Јавното обвинителството не изрекува притвор. Може само го предложи!

 

Спонзорирано