Поднесен обвинителен акт за сопственикот на импровизираната лабораторија за марихуана во Козле

852

Јавен обвинител од Основното обвинителство во Скопје поднел обвинителен акт против едно, за јавноста непознато лице, дека сторило кривично дело; неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Во крајно неписменото соопштение на Обвинителството стои дека нивниот осомничен, на најгорниот кат од неговиот дом во Козле произведувал, преработувал и заради натамошна продажба чувал марихуана. Тој, наводно, направил импровизирана лабораторија со 52 растенија, импровизирана сушилница од картонски кутии, а вршел и екстракција на маслото од марихуаната.
При претрес кај него била пронајдена 1.324 грама марихуана, спакувана во повеќе тегли и пакувања, хашиш масло со волумен од 27 милилитри во 54 капсули, хашиш смола со вкупен волумен од 30,7 милилитри во 11 пластични шприцеви, како и дигитална вага, вентилатори, термометри, инструменти за мерење влажност, екстрактор и други апарати кои ги користел во импровизираната лабораторија.
Со Решение на судијата на претходна постапка на осомничениот му била изречена мерка куќен притвор,

Спонзорирано