ПОЧНА ПРИМЕНАТА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

1596

Од денеска почнува примената на новиот Законот за Јавното обвинителство, како и на измените на Советот на јавните обвинители, што беа донесени во февруари годинава, пред распуштањето на парламентот и распишувањето на изборите.
Најзначајните новини во Законот за јавно обвинителство се направени во однос на изборот на јавни обвинители, за·дисциплинската постапка, за оценувањето и за финансирањето на Јавното обвинителство. Во однос критериумите за избор, вградено е решение со кое се зголемува потребниот стаж за избор на јавни обвинители и изграден е систем за напредување во повисоките јавни обвинителства од пониските, со што се оневозможуваат досегашните злоупотреби при изборот во повисоките јавни обвинителства.
Кај дисциплинската одговорност, имплементирани се ставовите на Европскиот суд за човекови права во оваа сфера, а оваа материја е целосно усогласна и со Венецијанската комисија. Дополнително, во основите за дисциплинска одговорност, почитуван е принципот на пропорционалност меѓу сторената повреда и пропишаната дисциплинска мерка.
Во однос на оценувањето, во Законот се пропишани само постапката и критериумите, а начинот на спроведувањето на критериумите ќе се утврдува со подзаконски акти. Ова е направено од причина што овој закон се донесува со двотретинско мнозинство и би било многу тешко да се изменат деловите со поените доколку се јави ваква потреба, и доколку тие би биле регулирани со овој закон.
Во Законот е значајно унапредена и материјата за финансирањето на јавното обвинителство како еден од столбовите за гарантирање на неговата самостојност. Така, се определува минимален износ од 0,4 отсто од државниот буџет за финансирање на Јавното обвинителство. Во исто време се пропишува и посебна постапка за изготвувањето, преговарањето и донесувањето на буџетот на Јавното обвинителство во рамките на државниот буџет.
Најголемо внимание се посвети на справувањето со организираниот криминал и корупцијата и статусот и гаранциите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое ќе постапува по овие предмети. Со законските одредби е обезбедена и гарантирана неговата самостојност. Така, јавните обвинители во ова специјализирано јавно обвинителство не можат да бидат упатени во друго јавно обвинителство; Државното јавно обвинителство не може да преземе гонење или други работи од надлежост на специјализираното јавно обвинителство за борбра против организиран криминал и коруција, освен доколку ова Обвинителство го злоупотребува постапувањето и не се придржува до пропишаните рокови; Ова јавно обвинителство може самостојно да бара меѓународна правна помош по предметите по кои постапува; Бројот на јавни обвинители во ова јано обвинителство о определува Советот на јавни обвинители по предлог на шефот на ова јавно обвинителство; Шефот на ова јавно обвинителство може да се разреши единствено со двотретинско мнозинство од вкупниот број на членови во Советот на јавни обвинители…
Значајно е да се истакне дека предметите од надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), што се преземени од Јавниот обвинител на Северна Македонија се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно со нивните надлежности утврдени со овој закон.

Спонзорирано