Министерството за внатрешни работи не отстапува од своето барање за надомест на штета по незаконската набавка на 300 возила за потребите на полицијата! На денешното рочиште од повторено судење на поранешниот помошник министер за внатршени работи Ѓоко Поповски, освен сведоци – претставници на увозници на возила, во судницата на скопскиот кривичен суд беа присутни и претставници на Министерството за внатрешни работи.
Денешното судење започна со кажување на Поповски дека останува на воведниот збор што тој го даде кога за прв пат започна судскиот процес наречен „Триста“. Преставничката на оштетеното министерство за внатрешни работи, Љубица Анчевска, во името на МВР го повтори барањето за обештетување.
„Постојат основани сомневања дека сега обвинетиот сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и Министерството предјавува штета во висина од 27.894.522 денара. Министерството за внатрешни работи, по втор пат, ја предјавува истата штета. Првиот пат тоа беше направено уште на првото судење. Инаку, до Специјалното јавно обвинителство е доставено барање за имотно-правен надомест во висина на веќе споменатиот изноз.“ – изјави Љубица Анчевска.
Одбраната на обвинтиот Поповски не беше задоволна со одговорите на Анчевска и побараа таа да биде дополнително повикана за да даде одговор на нивните прашања. Судијката Добрила Кацарска го одби овој предлот и кажа дека повиканата, како оштетена во постапката, не е должна да доставува докази, односно дека тоа е обврска на странките во постапката. По оваа сугестија на судот адвокатите се откажаа од распит на неколкумина повикани сведоци.
Продолжението на повтореното судење за набавката на 300 возила за потртебите на МВР продолжува во вторник. Обвинетиот Ѓоко Поповски, на 12. декември минатата година, за овој случај беше осуден на казна затвор во траење од девет години и со обврска да надомести 450.000 евра за колку што е оштетен државниот буџет. Поповски, за случајот „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот „мерцедес“, беше осуден на дополнителни шест години затвор.
Целиот текст на 24.мк