ПО ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СИТЕ ОБВИНЕТИ ВО СЛУЧАЈОТ„ТИТАНИК“

519

По две години затвор денеска им изрече скопскиот кривичен суд на сите шестмина обвинети во предметот наречен „Титаник 2“, а кој се однесува на договорено гласање во Државната изборна комисија, односно за гласање за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица.
Имено, на повтореното судење, судечкиот совет им изрече затворски казни од по две години на обвинетите Сашо Мијалков, Мендух Тачи и на членовите на ДИК Бедредин Ибраими, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска.
Пресудата за овој случај доаѓа по безмалку три години од изрекувањето на првата пресуда, а со која Мијалков беше осуден на три, Мендух Тачи на 3 години и два месеца, Бедредин Ибраими на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а Сајковски, Срцев и Стефановска на по три години затвор. Оваа, неправсилна одла беше изречена на осми март 2019 година, а веќе во декември Апелациоиот суд во Скопје пресудата ја укина поради наводни „бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер“, а поради кои одлуката во целост била незаконита и неправилна. Повисокиот суд констатирал дека утврдените факти коишто го чинат законското обележје на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите им противречат на содржината на доказите, а судот се впуштил во утврдување на факти заради утврдување на кривична одговорност за лица кои немале својство на обвинети.
Инаку денеска изречената пресуда можно е никогаш да не се реализира, бидејќи до застаување на овој предмет има нешто повеќе од два месеца, а нема дилеми дека одбраната на осудените ќе ја обжалат пресудата.

Спонзорирано