По допрен глас во јавноста отворен предмет за паднатата фасада на „МЕПСО“

824

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги написите во медиумите за паднатата фасада од зградата на АД МЕПСО, денеска отвори предмет.
Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издал наредба до Министерството за внатрешни работи да обезбеди вештачење на целокупната документација за проектот насловен како: „Реконструкција и адаптација на зградата“. Обвинителството ќе испитува дали квалитетот на градбата соодветствува со барањата содржани во јавната набавка, како и за текот на надзорот при спроведување на изведбата. По добивањето и анализа на вештачењето ќе следи јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

Спонзорирано