МРВ вакцините исправни – нема прогон за увозникот и дистрибутер!

    1283

    Јавното обвинителство нема да води натамошна истртага откако, по допрен глас во јавноста, беше оформен предмет кој се однесува на увозот, дистрибуцијата и употребата на МРП вакцината. Според обвинителствтото во конкретниот случај нема елементи на кривичното дело.
    „Во предметот се испитуваа евентуални неправилности околу увозот, рокот на употреба и евентуално предизвикани штетни последици од вакцините. Дополнително за истиот настан кривична пријава поднесе и Здружението на граѓани за заштита на човековите права ‘Здравје со игла не влегува’ од Кичево. По оформувањето на кривичниот предмет, надлежниот јавен обвинител издаде наредба – да се извршат проверки во правното лице ‘Македонија лек’, увозник и дистрибутер на вакцината МРП, во смисла кога бил направен увозот на оваа вакцина, која количина била увезена, од кого и од каде била истата увезена, до кога бил рокот на употреба на увезените вакцини, дали етикетите на пакувањата од вакцините биле дополнително залепени, а доколку било така, од кои лица биле залепени и кои биле причините за тоа или пак вакцините биле доставени со залепени етикети, како и на други околности за набавка и дистрибуција на предметните вакцини“, се вели во соопштението на обвинителството од каде и информација дека проверки се правеле и во Агенција за лекови и медицински помагала – „МАЛМЕД“. Имено, се испитувало дали Агенцијата извршила комплетнма контрола врз увозот, дистрибуцијата и употребата на предметните вакцини.
    Со наредбата се барале и проверки во Министерството за здравство, како и обезбедување на релевантната писмена документација која што се однесува на увозот, дистрибуцијата и употребата како и евентуалната замена на етикетите со рок на важност на вакцините. Дополнително било наредено да се обезбедат, како материјален доказ и предметните вакцини.
    „Основното јавно обвинителство Скопје се обрати и до Центарот за испитување и контрола на лекови со барање за податоци дали лекот е штетен по здравјето на луѓето и дали истиот може да биде употребуван кај пациентите односно пуштен во промет со лекови. На ваквото барање беше одговорено дека Центарот за испитување и контрола на лекови може да врши проценка на податоците само контактно надворешно во споредбена анализа со одобрениот примерок и дека овој Центар нема техничка можност за да спроведе лабораториско испитување на примерокот со цел утврдување на квалитетот“, појаснуваат од обвинителството и укажуваат дека со цел да се спроведе потребната лабораториска анализа, обвинителството преку Агенцијата за лекови и медицински помагала и Центарот за испитување и контрола на лекови, вакцините и материјалната документација ја проследиле за вештачење до Paul Enrlich-Институтот од Ланген, Германија.
    Резултатите добиени од Paul Ehrlich Институтот потврдиле дека вакцината не е штетна по здравјето.

    Спонзорирано