Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), по допрен глас, отвори предмет за набавката на софтверот за: „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“, а кој, според медимите се врзува со името на Драги Рашковбски, поранешен секретар на Владата на Република Северна Македонија.
„Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, се вели во соопштението на Јавнмото обвинителство и со кое се појаснува дека откако биле издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до нив веќе доставил известување за нивното натамошно постапување.
Поранешниот владин секретар, а сегашен советник на премиерот Заев, според пишувањата на „360 Степени“, за сума од 81.000 евра набавил софтвер којшто требало да биде дел од проектот „Безбеден град“, но и после осум месеци тој се’ уште не е испорачан.
По допрен глас отворен предмет за сообраќајниот софтвер
Спонзорирано





