На следното, презакажано рочишите за оценка на обвинителен акт, кое ќе се одржи на 26. овој месец, ќе се појават само шестмина, бидејќи петмина обвинети се согласија на признание на вина.
Обвинението кое е поднесено против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стефче Јакимовски, како и против други десет лица ќе претрпи одредени измени поради тоа што неколкумина веќе пројавиле интерес да го признаат сторувањето на кривичното дело за кое се товарат.
Имено, како што потврдуваат оде јавното обвинителство четворица обвинети поднече изјави за признавање на вина, а на денеска закажаното рочиште за оценка на обвинителниот акт, коешто се одложи токиму поради признание на вина, тоа го сторило уште едно лице. Најновата најава за признание на вина беше единствената причина поради која јавниот обвинител побарал од Советет за оценка да го одложи рочиштето.
„По поднесување на обвинителниот акт поднесен, до Кривичниот суд во Скопје, на 30. октомври 2019 година, од страна на четири обвинети лица се поднесени изјави за признавање на вина, а на денеска закажаното рочиште за оценка на обвинителниот акт уште едно лице даде изјава за признавање на вина. Надлежниот јавен обвинител заради спроведување на постапката за спогодување со обвинетите побара да се одложи рочиштето“, се вели во соопштението лиферувано од Јавното обвинителство и притоа се појаснува дека: „Откако обвинетите ќе се спогодат со јавниот обвинител, предлог – спогодбите ќе бидат доставени до судија на претходна постапка, кој, во рок од три дена од доставувањето, треба да закаже рочишта по поднесените предлог – спогодби. За лицата со кои јавниот обвинител нема да постигне спогодба и за обвинетите што не дадоа изјави за признавање на вина закажано е ново рочиште за оценка на обвинителниот акт за 26. овој месец“.
Инаку, според обвинителниот акт како обвинети се јавуваат 11 лица, односно градоначалникот, осуммина административни службеници од општина Карпош и две одговорни лица во правно лице – изведувач и надзор. Според дејствијата опишани во диспозтивот на обвинителниот акт Јакимовски сторил повеќе кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување и едно кривично дело: бесправно градење. Едно лице се товари за злоупотреба на службената положба и овластување, седуммина за несовесно работење во служба и двајца за бесправно градење.