Отворена е постапка против напаѓач на полицајци во Гостивар

988

Основното јавно обвинителство – Гостивар отвори постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 20-годишен жител на село Леуново, на 21 мај бил пријавен дека кршел и оштетувал инвентар во интернатот „Седек Костоски“ во Маврови Анови, каде привремено бил сместен. Кога на местото пристигнале полициските службеници кои постапувале по пријавата, тој од џебот извадил штрафцигер и ги нападнал со намера да ги повреди. Од страна на полициските службеници бил совладан и приведен.
Усвојувајќи го предлогот на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена.

Спонзорирано