ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА САШО МИЈАЛКОВ И „АЛФИТЕ“ ЗА „ТОРТУРА“

385

Судечки совет на скопска „единица“ со кој претседаше судијката Александра Ристеска донесе ослободителна пресуда за обвинетите Сашо Мијалков и уште шестмина припадници на сега расфомираната полициска единица „Алфа“. Според Ристеска, Обвителството не успело да ги докаже делата, односно дека и покрај тоа што таа добро го проучила предметот, сепак не видела конкретни и разграничувачки докази за никој од обвинетите.
Иако со ослободителната пресудата се сугерира дека апсењето на Љубе Бошкоски е во рамките на законот, сепак таа беше очекувана, бидејќи самата Ристеска ја најави таквата можност кога на минатото рочиште не донесе пресуда, туку најави „ново“ судење.
Иаку,Сашо Мијалков, во завршен збор, кажа дека се работи за измислен случај на Обвинителството и дека тој му е потребен на Љубе Бошкоски за да си го исперел срамот, откако бил фатен со поткуп од 100.000 евра.

Спонзорирано