Кривичен совет на скопска „единица“, постапувајќи по добиен предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а со кој се бара продолжување на веќе изречениот притвор на осоничениот Јордан (Орце) Камчев, донел решение мерката да се продолжи за уште 30 дена.
Судот проценил дека се’ уште постои можност Камчев да се даде во бегство, веројатно дека тој и беше притворен поради сознанија дека планирал бегство од државата.
Продолжувањето на мерката притвор за Камчев по неколкте неуспешни обиди тој да биде ослободен, а под притисок на мединскиот персонал од клиниката „Систина“ или на неговата одбрана. Всушност, продолжување на мерката притвор доаѓа во време кога се очекува финиширање на истрагата за случајот „Империја“ и поднесување на обвинителен акт за сторени повеќе кривични дека и за криминал „тежок“ повеќе милиони евра.
За предметот „Империја“, каде освен Орце Камчев, осомничени се и неговата мајка и сестра, како и директори во фирмата „Орка холдинг“, но и негови биснис пријатели, тој веќе беше во притвор, но мерката му беше заменета за полесна.
ОРЦЕ КАМЧЕВ ОСТАНУВА ВО „ШУТКА“!
Спонзорирано





