ИСТРАГА ЗА ШЕСТ ЛИЦА ЗА КРИМЧАРЕЊЕ НА 200 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА

315

Во вчерашаната акција учствувале Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со асистенција на американската агенција ДЕА и на кавадаречкото обвинителство

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал отвори истрага за шест лица кои се припадници на групата којашто вчера беше пресрертната во обид да прокриумчари 200 килограми марихуана. Лицата се товарат дека сториле кривичното дело: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„По повеќемесечна постапка координирана и по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал и Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’, со асистенција на Американската служба за борба против дрога – ДЕА и Основното јавно обвинителство – Кавадарци во текот на вчерашниот ден спроведоа акција. Осомничените, заради продажба неовластено набавиле, држеле и пренесувале наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од 199, 444 килограми. На почетокот на овој месец првоосомничениот, струмичанец (34), откако пронашол потенцијални купувачи на наркотичната дрога марихуана, договорил неовластена набавка на дрогата со второосомничениот, скопјанец (45), кој дрогата ја држел на засега неутврдена локација. Тој ги ангажирал останатите осомничени и тоа 36 – годишниот битолчанец неовластено ја пренесе дрогата од неутврдената локација до паркинг простор во селото Радобил, Прилепско, а останатите осомничени – 24 годишен скопјанец, 46 – годишен прилепчанец и 24 – годишен кумановец, со возила што тие ги управувале да го придружуваат движењето на возилото со кое се вршело пренесување на марихуана“, се вели во соопптението на Јавното обвинителство и притоа се појаснува дека марихуана, за непоанат изност, требало да му биде продадена непозанато лице во Грција, а примопредавањето требало да се реализира вчера, на паркинг простор во Радобил. За таа цел прво и второ осомничениот ги договориле деталите на примопредавањето на дрогата и улогите на останатите осомничени.
Марихуаната, спакувана во 40 картонски кутии, била префрл

ена од камион „Ивеко“ во комбе „Цитроен Џампер“, со грчки национални ознаки. Осомничениот кој го управувал камионот се упатил кон Прилеп, а останатите осомничени, со три патнички моторни возила и комбето се упатиле кон Градско, но кога пристигнале на клучката за село Раец биле запрени од страна на полициски службеници на МВР и по извршен претрес тие биле лишени од слобода. Во исто време во Прилеп е лишен од слобода осомничениот што го управувал камионот, а во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил лишен и првоосомничениот, инаку организатор на криминалната група.

Во текот на вчерашниот ден по наредба на јавен обвинител и добиена наредба од Судија на претходна постапка во соработка со Комисијата за оценување на исполнетост на условите и контрола за производство на медицински канабис при Министерството за здравство, во текот на ноќта е извршена контрола и во две фабрики за производство на медицински канабис во Прилеп и во Битола.
Осомничените денеска ќе бидат изведени пред судија, а за нив Обвинителство бара изрекување на мерка притвор.

Спонзорирано