Засега нема потврда дали Камчев ќе биде распрашуван за обидот за бегство или за случајот „плацеви на Водно“ за кој ОЈО ГОКК бара судот да му изрече мерка притвор
Пред само неколку минути Јордан (Орце) Камчев, кој утрово беше приведен во полициска станица, е спроведен во скопскиот кривичен суд.
Камчев, кој се сомничи дека планирал бегство од државата, во судот е придружуван од адвокатот Тони Менкиновски, но засега е непозанато дали Камчев ќе одговара за обидот за бегство, за што информации дојдоа од Агенцијата за национална безбедност, но и од Јавното обвинителство за гонење на организиран кеиминал и корупција, или за случајот наречен „плацеви на Водно“.
Имено, Јавната обвинителката Лиле Стефанова која ја води истрагата за плацевите на Водно на Никола Груевски, а купени преку оф шор компании на Камчев, од судот побарала тој да биде притворен, што, пак, после денешните случувања, најверојатно и ќе се случи.
Орце Камчев, утре, требаше да сведочи за случајот „Меѓународен сојуз“, на Бојан Јовановски викан Боки 13 , а кој заглави во затвор токму по пријава на сега осомничениот, кој пријави дека од него биле изнудувани милионски суми.
Камчев е и „главниот лик“ во предметот наречен „Империја“, а за кој, цели три години се води истрага и покрај тоа што тој еднаш веќе беше притворен, Истрагата за „Империја“ е заглавена со изработката на вешти наоди, но во јасвноста се шпрекулира дека случајот „тежи“ неколку стотици милиони евра.
По првичнотио притворање Камчев понуди гаранции во висина од 14 милоини евра, но со оглед дека сега имаме обид за бегство, тешко е да се поверува дека гаранциите нема да му бидат активирани, а тој да не биде притворен.