Еден обвинет за оддавање службена тајна

927

Едно лице, од скопското Јавно обвинителство се товари дека сторило продолжено кривично дело: Оддавање службена тајна, согласно член 360 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Сега обвинетиот, инаку маж на возраст од 56 години, во повеќе наврати, во текот на јули минатата година, во Скопје, на јавност и овозможил достапност на документи кои потекнуваат од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), а сега Агенција за национална безбедност (АНБ), до кои дошол на незаконит начин.
Документите биле класифицирани како службена тајна со степен на доверливост ‘строго доверливо’ и се однесувале на оперативно истражување на УБК. Така, на седми јули минатата година, обвинетиот на прес-конференција, презентирал фотокопии од делови од работа верзија на документ: Извештај од разговор со лице кое соработува со УБК и една службена белешка. На 8, 9 и 12 јули истата година, на својот Фејсбук профил продолжил да објавува делови од класифицирани документи, меѓу кои и транскрипти од разговори со таргети во тогашната УБК.​

Спонзорирано