Она што можеше да се предвиди, а се однесуваше на предметот наречен „Банки“, од денска е реалност! Имено, Јавен обиниител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел решение со кое ја запира кривичната истрага за еден поранешен министер и еден градоначалник, како и за неколкумина банкари и сопственици на фирми! Во официјалното соопштение лиферувано од Јавното обвинителство нема ниту иницијали на осомничените, но Телевизија „24“ дознава дека се работи за поранешниот министер за урбанизам и градежништво, Томе Тромбев, екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески, генералниот директор на „НЛБ Банка“, Ѓорги Јанчевски, претседателот на Управниот одбор на спомената банка, Љубе Раевски и уште четворица други.
„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопсежна истрага, донесе наредба за запирање на истражната постапка за осум македонски државјани. Лицата беа осомничени дека сториле кривично дело: Злоупотреба на службената положба и овластување, а четворица од нив беа осомничени и за кривично дело: Перење пари и други приноси од казниво дело.“ – велат од Јавно обвинителство.
Од Обвинтелството и потврда дека е донесено решение со кое се отфрла кривичната пријава и за две правни лица, за перење пари и други приноси од казниво дело. Токму надлежниот обвинител во решение, напишано на 14 страници, дава детален опис на случајот кој датира од пред повеќе од една деценија. Јавната обвинителка наведува дека се започнало од генералниот директор и од член на Управен одбор, како и на екс-градоначалникот Владимир Талески, кому во моментов му се суди во случајот наречен „Транспортер“.
Според Обвинителството, споменатите ја искористиле и пречекориле нивната службена положба и за себе и други прибавиле значителна имотна корист, а на штета на државниот Буџет, во висина од 4.480.895 евра или 275.575.060 денари. Инаку, овој случај стана познат по неколкуте чудни одлуки што ги носеше Советот на јавни обвинители, каде што е вработена и обвинителката Фиданка Раевска, инаку, сопруга на споменатиот Љубе Раевски.
Обвинителката Раевска беше обвинувана дека не гласала за продолжување на мандатот на нејзината колешка Лидија Раичевиќ, бидејќи токму таа го отвори и г оводеше случајот во кој нејзниот сопруг се водеше како обвинет. Откако Раичевиќ отпадна од трката за место во Организиран криминал, на нејзино место беше избрана Ивана Трајчева, чиј потпис стои на решението за запирање на истрагата.
целиот текст на 24.мк