Обвинителството го повлече барањето за притвор за двајца од 11 осомничени

1662

Во текот на денешниот ден, откако осомничените дадоа исказ пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, надлежниот обвинител кој постапува во предметот за двајца од осомничените го повлече предлогот за притвор и му предложи на судот за нив да бидат определени мерки на претпазливост.Тоа подразбира одземање на патна исправа, забранаљ за напуштање на живеалиштето, повремено јавување на службено лице во судоти забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело.

Денеска, беа приведени  10 осомничени лица поради малверзации при продажба со државно земјиште. Обвинителството за организиран криминал отвори истрага за 11 лица, меѓу кои поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но и нотари, државна правобранителка и вработен во катастар. За нив постои сомневање дека сториле кривично дело: Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, а едно од лицата Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, при што со своите дејствија предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 162.644.745,00 денари или 2.647.802 милиони евра.

 

Спонзорирано