Oбвинителството ги ги презеде предметите од СЈО

549

Како што најави републичкиот Јавен обвинител, Љубомир Јовески, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, денеска ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
По преземање на предметите тие им доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети, се до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет.
Во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе продолжат да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори, а за контрола над спроведувањето на овие мерки задолжени се двајца јавни обвинители.

Спонзорирано