ОБВИНЕНИЕ ЗА ВНУК КОЈ ЈА ОГРАБИЛ СОПСТВЕНАТА БАБА

1102

Велешкото Oбвинителство поднело обвинение за лице за кое тврдат дека е на возраст од 23 години за кривично дело „разбојничка кражба“, но не се соопштува идентитетот на сторителот на ова тешко кривично дело.
Имено од Обвинителството не кажуваат кој е обвинетит, но затоа, пак, тврдат дека и е внук на оштетената која, исто така, останува непозната.
Во соопштението на Обвинителството, кое и не е никакво соопштение, стои дека на 9 ноември минатата година, во 7.30 часот, сега обвинетиот, заедно со уште едно лице, влегол во куќата на бабата. Тој знаел каде таа ги чува парите и одзел една најлон кеса во која имало 62.000, 140 евра и документи. Додека внукот крадел, детето стоело крај бабата, внимавајќи таа да не зебележи било што, но кога таа ја видела кражбата и почнала да вика, детето почнало да ја удира. По кражбата, двајцата излегле од куќата, а подоцна украдените пари ги поделиле.

Спонзорирано