Обвинение за скопјанец кој дома чувал дрога и оружје

862

Основното јавно обвинителство – Скопје достави до Кривичен суд обвинителен акт против едно лице за кривични  дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При вршење на претрес во домот на осомничениот на улица „Христофор Жефаровиќ“  во Скопје,   на 11 јуни, полициски службеници пронашле наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 11,45 грама, спакувана во 27 полиетиленски пакувања. Биле пронајдени и 0,62 грама психотропна супстанца и 3,4 – метилен – диоксиметамфетамин. Осомничениот  неовластено кај себе држел и полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол марка „CZ100′ со калибар од 9мм, десет куршуми муниција за тоа оружје, како и 14 куршум за автоматско огнено оружје кое им е забрането на граѓаните.

Ценејќи дека  се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за продолжување на определената  мерка притвор.

Спонзорирано