Обвинение за поседување марихуана и амфетамини

    124

    Скопјанец, на возраст од 36 години, е обвинет дека наеовластено поседувал марихуана и амфетамини. Според обвинето, тој се товари дека во дом, во којшто престојувал, на улицата „Охридска“ во Скопје, неовастено поседувал 276 грама марихуана и 486 грама амфетамини. Освен ова, во домот биле пронајдени и полиетиленски пакувања со 29 таблети со жолта боја и втиснато лого „Тесла“, кои претставуваат психотропна супстанција 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), како и дигитални ваги и стаклен тас со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.
    Обвинителство, со обвинителниот акт, до судот доставил и предлог за продолжување на веќе изречената мерка притвор.