Двајца обвинети за разбојништво врз мигранти

    1282

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинителен акт за две, од вкупно петмина за кои постоеше наредба за спроведување кривична, истрага. Двајцата сега обвинети се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело разбојништво.
    Обвинетите, на кои се однесува обвинението, на 28. минатиот месец, во скопското село Трубарево, со употреба на сила нападнале врз животот и телото на двајца мигранти од Пакистан. Тие ги забележале мигрантите и им понудиле да ги превезат до граничниот премин Табановце за сума од 200 евра. Откако оштетените се согласиле со бараниот изност тие ги намамиле и ги однеле во затемнетиот дел на една од блиските ниви каде со употреба на физичка сила ги совладале и им одзеле пари и други подвижни предмети во вкупна вредност од 75.000 денари.
    Заедно со поднесувањето на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.
    За тројцата кои беа осомничени и опфатени со наредбата за спроведување истражна постапка, обвинителството по завршување на истражната постапка утврди дека нема докази дека го сториле кривичното дело и е денесена наредба за запирање на истрагата.

    Спонзорирано