Иранец, Албанци и Турци илегално работеле во центарот на Скопје

    651

    Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и СВР Скопје приведоа 20 странски државјани што го злоупотребиле туристичкиот престој и во главниот град незаконски и непријавено извршувале работи на градежни објекти. Во централното градско подрачје, соопшти МВР, на градежен објект лоциран меѓу улицата „Јордан Мијалков“ и „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, каде изведувачи на градежни работи биле неколку правни лица биле откриени: 11 државјани на Косово, по четворица државјани од Албанија и на Турција и еден државјанин на Иран, кои нелегално работеле на објектите. Странските државјани се приведени во Полицискитеа станици „Центар и „Кисела Вода“ заради водење на натамошна постапка.
    Во консултација со jавен обвинител, дополнително се преземаат активности за утврдување на одговорност на правните субјекти.