НЕМА НОВИ МОМЕНТИ ЗА НАСИЛНАТА СМРТ НА 50-ГОДИШНАТА СКОПЈАНКА

1716

Иако измина една недела од насилната смрт на 50-годишна скопјанка ниту полицијата, ниту обвинителството не соопштуваат дали истрагата има некои поконкретни сознанија за немилиот настан или се уште се тапка во место.
Смртта на скопјанката со иницијали П.М. (50) само делумно побуди интерес во јавноста, но случајот мора да биде расветлен, бидејќи се насилна смрт врз жена која која работела како здравствен работник, а е поранешна сопруга на сопственик на медиум.
Она што засега е извесно е информацијата која што на осми овој месец ја проследи Министерството за внатрешни работи, а според која критичниот ден: “во 14,52 часот, во СВР Скопје, било пријавено дека во сопствениот дом на улица ‘8-ми Септември’, од екипа на Итна медицинска помош била пронајдена почината П.М., на чие тело биле видливи траги на насилство“. Од МВР, исто така информираа дека жената живеела сама и дека боледувала од повеќе болести, а дека увид извршила екипа од СВР Скопје и со наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

Спонзорирано