OБВИНЕНИЕ ЗА СЕДУМ ЛИЦА ЗА УЧЕСТВО ВО НАСИЛНА ТОЛПА

722

Скопското јавно обвинителство денеска поднесе обвинителен предлог против шестемина учесници на протестите во врска со пресудата за предметот „Монструм“, за кои вече беше поведена постапка и им беше определена мерка притвор. Овие шестмина се товарат учество во толпа што ќе изврши кривично дело, а за истото кривично дело е поднесен и обвинителен предлог и против уште едно лице, за кое обвинителството предлага изрекување на мерка притвор, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Обвинителство ги гони седумтемина обвинети, бидејќи на 26 минатиот месец, како учесници во протест за пресудата во предметот „Монструм“, биле дел од толпата која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Обвинетите, но и други засега непознати лица, заеднички дејствувале кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.​​

(Фото:Агенција Анадолија)

Спонзорирано