Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против некое, непознато лице кое неовластено заради продажба држело наркотична дрога-марихуана.
Обвинителството тврди дека на 23. минатиот месец сега обвинетиот управувал туѓ автомобил ( „фоксваген пасат“), кога раскрсницата меѓу булеварите „Македонско-косовска бригада“ и „Босна и Херцеговина“ бил забележан од овластени службени лица на МВР како минува на црвено светло. Нему му била дадена наредба да го запре возилото, но тој се дал во бегство и поради тоа за него биле иницирана полициска потрага по него.
Со поставена блокада на регионалниот пат Скопје-Велес, кај Трубарево, возилото било запрено, а полициските службеници извршиле легитимирање на обвинетото лице, негов личен, но и преглед на возилото.
На задното седиште од автомобилот била пронајдена марихуана со вкупна нето маса од 3.247,6 грама спакувана во три пакувања. По приведувањето за бегалецот била изречена мерка притвор.
Oбвинение за пронајдена дрога во автомобил
Спонзорирано