Обвинение за дилер на дрога

    1015

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје поднел обвинителен акт против 39-годишен скопјанец за сторено кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
    Според наводите во диспозитивот на обвинението, на 17. минатиот месец, при извршен претрес во домот на обвинетиот, полицијата пронашла и заплениле 131 грами марихуана. Обвинетиот, најверојтнано заради нетамошна продажба дрогата ја чувал спакувана во повеќе предмети во домот.
    Јавниот обвинител, до кривичниот суд, освен обвинението, доставил и предлог за продолжување на мерката притвор, поради тоа што п-роценил дека и натаму постојат условите заради кои првично била изречена мерката.

    Спонзорирано