КРИВИЧНИОТ СУД ВО ЗАШТИТА НА СУДИЈКАТА МАРИЈА МАРКОВСКА-КЛЕТНИЧКА

    2303

    Изјавата на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, дадена вчера, а со која тој изрази незадоволство од пресудата која што му беше изречена на Драган Павловиќ- Латас, но и на неговите двајца браќа, денеска предизвика реакција од скопскиот кривичен суд.
    „По однос на вчерашната изјава на Јавниот обвинител на РСМ, кривичниот суд му укажува на обвинителството наместо редовно и неосновано да го напаѓа судот и судиите после секоја судска одлука од која не се задоволни, да си погледне во сопствениот двор. Судот и судиите работат согласно законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, Уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, а секоја првостепена одлука на Кривичниот суд се преиспитува од повисоките судски инстанци, по изјавена жалба од незадоволната страна“.
    Суд бара, во иднина, обвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција, а нивните коментари и изјави да се во рамките на нивните надлежности.

    Спонзорирано